screen 1

 

ПРОГРАМА

 

Почитувани посетители, повелете и преземете ја комплетната програма
за Саем на Жена

 

view

screen 1

 

MAKE - OVER Сцена

Стиловите на фризура и шминка постојано се менуваат...предизвик е да се биде постојано во тренд со најновите стилови на фризура и шминка. Затоа, нашите најдобри стилисти ќе ви покажат што е во тренд, ќе ви покажат неколку трикови како најдобро да го подобрите вашиот стил и ќе ви дадат инспирација како да го истакнете најдоброто во вас.

 

view

screen 2

 

ТЕАТАР НА ГОТВЕЊЕТО

Дали некогаш сте се прашувале како да направите домашно Италијанско песто? Се е во вистинските состојки...но, ќе треба да дојдете и да видите што нашите експерти ќе ви презентираат, да ги дознаете тајните и триковите на големите мајстори, за да можете и вие да бидете најдобриот готвач на светот во вашиот сопствен Театар на Готвењето.

 

view

screen 3

 

КОКТЕЛ БАР

Забавувајте се со специјалните коктели кои ќе ви ги подготват македонските врвни коктел мајстори. Ќе бидете изненадени кога ќе го видите згодниот дечко кој ќе ве послужи.

 

view

screen 4

 

ПРОФЕСИОНАЛНА УЧИЛНИЦА

Не само што ќе се забавувате со тоа што ќе работите во тим со вашите најдобри пријателки, туку и ќе научите многу преку учество во професионалните презентации и работилници кои ви ги подготвија нашите експерти.

 

view

screen 4

 

МЕДИЦИНСКА УЧИЛНИЦА

Дали знаете што е Абулија и како да ја препознаете? Кои се симптомите на дијабетисот? Како да направите самопреглед на дојките? Кои се новите болести на денешницата? Како да ги спречиме и да бидеме поздрави?

Овие и уште многу други прашања ќе бидат одговорени од страна на нашите најдобри доктори и специјалисти во својата област, во Медицинската Училница на Саем на Жена 2011. Дознајте повеќе, бидете поздрави. Најголемото богатство е здравјето.

 

view

БИДЕТЕ ПОСЕБНИ
04 – 06 ноември 2011

Прославете го фактот што сте жена – потсетете се зошто е добро да се биде жена...од шминка, до превкусна храна, до луксузни патувања и забава со вашите пријателки. Саем на Жена е идеалното место да ги разбудите вашите сетила, да флертувате со модата, да откриете нов жар во вас, да ја откриете вашата забавна природа и, не заборавајте да ги оставите децата дома за да можете да “украдете” неколку часа посветени само на вас... Вие тоа го заслужувате!

Ќе бидете инспирирани и мотивирани од содржините на Саем на Жена. Саемот нуди разни перформанси, предавања, информативни работилници, интерактивни штандови каде можете да научите многу за вашите финансии, здравје, убавина, сексуалност и многу повеќе.

Саем на Жена е отворен за сите (широката јавност и компаниите).

  • Работно време: Петок – Недела: 10:00ч – 20:00ч
  • Скопски Саем, Метрополис Арена
  • влезници достапни на билетарата на Скопски Саем

 

 

 

 

ИЗЛОЖУВАЈТЕ

Зборувајте со Вашата публика на Саем на Жена, ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ЖЕНИТЕ

ПОСЕТЕТЕ НÈ

Слушнете, Видете, Вкусете, Вдишете, Допрете... на Саем на Жена, ПРОСЛАВЕТЕ СО ЖЕНИТЕ

СПОНЗОРИРАЈТЕ

Почестете ги жените на Саем на Жена,
БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ЖЕНИТЕ