ЗА НАС

ПРОФИЛ НА САЕМ НА ЖЕНА

Саем на Жена е единствената изложба и лајфстајл настан кој е посветен единствено на жените во Македонија.

Овој уникатен настан оддава почит на секој аспект од животот на жената – од личниот и семеен живот, па се до работата, физичката активност, здравјето, убавината и уживањето, модата, финансиите и претприемаштвото.

Саем на Жена е интерактивна платформа каде посетителите ќе уживаат во информативните изложби, предавања, дискусии и демонстрации, кои ќе им дадат на посетителите нови идеи, начини и решенија за подобрување на нивниот живот.

Овој лајфстајл настан ја слави веселата природа на жената преку големата забавна и едукативна програма, модата и екстравагантноста.

Жената е примарниот субјект кој ги носи одлуките, што ни дава до знаење дека ова е една моќна сила на која можете да и се обратите директно. Овој настан е наменет за жени од сите возрасти, со разни интереси и културни ориентации.

Саемот на Жена презентира голем број на изложувачи, 2 сцени на кои ќе се одржуваат голем број на настани и голем број на интерактивни штандови. Ова е дефинитивно дестинацијата за зближување, информација, инспирација, забава и искуство со најсаканите брендови и личности од Македонија.

Придружете се на Саем на Жена 2011, Скопје, 04-06 ноември 2011, на Скопски Саем, Метрополис Арена, за да ги искусите најдобрите производи и услуги достапни на женскиот свет!

Дозволете нашата селекција на изложувачи и уникатни настани од забавен карактер да ги разбудат Вашите сетила!