ИЗЛОЖУВАЈТЕ

КРАТОК ПРЕГЛЕД ЗА ИЗЛОЖУВАЧИТЕ

Саем на Жените е единствениот настан кој е посветен на жените во Македонија. Овој уникатен настан оддава почит на секој аспект од животот на жената – од личниот и семеен живот, па се до работата, физичката активност, здравјето, убавината и уживањето, модата, финансиите и претприемништво. Саем на Жена е интерактивна платформа каде посетителите ќе уживаат во информативните изложби, предавања, дискусии и демонстрации, кои ќе им дадат на посетителите нови идеи, начини и решенија за подобрување на нивниот живот.

Овој лајфстајл настан ја слави веселата природа на жената преку големата забавна и едукативна програма, модата и екстравагантноста.

Саемот на Жена презентира голем број на изложувачи, 2 сцени на кои ќе се одржуваат голем број на настани и голем број на интерактивни штандови. Ова е дефинитивно дестинацијата за зближување, информација, инспирација, забава и искуство со најсаканите брендови и личности од Македонија.

За да бидете дел од Саем на Жена или дел од некој од интерактивните штандови, Ве молиме контактирајте со Omni Events

 

СТАТИСТИКИ

Жените се единствените или највлијателните субјекти кои ги носат одлуките при купување на одреден производ или услуга. Жените купуваат брендови со кои можат да остварат некаква врска. Жените се поврзуваат и се дружат каде и да одат. Жените не се „ниче“ маркет, тие се највлијателниот и најдоходовниот таргет насекаде во светот.

Во 2006 (според последниот попис) бројот на жените во Македонија изнесува 1 017 159, од кои 645 123 (63.5%) се на возраст од 15-65 години

Жените носат најголем дел од одлуките во сите аспекти на животот, вклучувајќи:

  • 83.3% од сите одлуки при купување
  • 94% од одлуките поврзани со домашниот или семејниот живот
  • 89% го планираат годишниот одмор
  • 88% купуваат апарати за домаќинство
  • 80% го одбираат семејниот доктор
  • 85% одлучуваат за нов дом
  • 60% од новите автомобили се купени од жени
  • 80% од продажбата на автомобили е под влијание на жените

* Според STRATEGY, The Canadian Marketing Report, John Gray, February 2007

Прашањето на дешницата веќе не е “Зошто да се рекламираме кај жените?”, туку како повеќе да допреме до жените.

Поголемиот број од Македонските компании троши милиони на рекламирање на телевизија, двојни страни во женските списанија, весници, и светкави билборди сè со цел да се привлече овој сегмент со големо влијание при одлуките за купување. Но, веќе сме заситени од сите тие реклами кои се навидум исти и сите нудат исти работи.

Саем на Жена е единствената платформа од ваков вид во Македонија – дизајнирна како платформа која нуди искуство и будење на сетилата, која прикажува автентични производи и услуги од компании кои ја вреднуваат вредноста на жената.

Бидете конкурентни и успешно допрете до вашата целна група на Саемот на Жената

 

ДОПОЛНИТЕЛНА ВРЕДНОСТ

Логото на секој изложувач ќе биде поставено на нашата веб страна www.saemnazena.mk и во саемскиот каталог со опис на дејноста на компанијата до 60 збора, контакт детаљи и број на штанд (доколку штандот е платен до рокот даден за печатење на каталогот)

 

МАРКЕТИНГ, АДВЕРТАЈЗИНГ И ПР

Саем на Жена ќе биде медиумски покриен преку интегрирана маркетинг кампања и тоа на следните медиуми:

  • Телевизија
  • Радио
  • Женски магазини и списанија
  • Дневни весници
  • Билборди
  • Сити лајти
  • Постери
  • Веб страна и интернет банери
  • Лифлети
  • Каталог

Бидете дел од кампањата на Саем на Жена – пријавете важни информации како лансирање на нови производи или посебни случувања на вашиот штанд и ваквите информации ќе бидат искомуницирани преку медиумите и на веб страната www.saemnazena.mk

 

АПЛИЦИРАЈТЕ ДА ИЗЛОЖУВАТЕ

Контактирајте со Омни Евентс за да бидете дел од Саем на Жена 2011

 

УПАТСТВА

Саемите се начин да се презентира еден производ или услуга на начин на кој ќе бидат вклучени сите сетила – вид, допир, мирис и вкус – едно комплетно сетилно искуство. За да го максимизирате вашиот успех на изложување, вашиот штанд треба да биде репликација на вашиот бизнис, како и што е можно поразличен и поуникатен за да може да го привлечете вниманието на посетителите на саемот. Можете да го постигнете ова на многу начини, без притоа да мора да потрошите огромни суми на пари.

Доколку ви треба помош при дизајнот на вашиот штанд или имате прашања како да го декорирате вашиот штанд, ќе ни биде задоволство да ви дадеме совет или да ве поврземе со некој од нашите добавувачи кои исто така може да ви помогнат.

Голем декориран изложбен дел може да го зголеми успехот и посетеноста на вашиот штанд. Важно е да го максимизирате ефектот на штандот кој сте го закупиле, штандот треба да изгледа привлечно и достапно за клиентите.

Разубавете го вашиот штанд преку посебно осветлување, графики или друг вид на мултимедијален настап. Колку сте покреативни, толку вашиот штанд ќе биде попримамлив за посетителите.