ПОСЕТИТЕЛИ

ИНТЕРАКТИВНИ ШТАНДОВИ

Театар на Готвењето

Дали некогаш сте се прашувале како да направите домашно Италијанско песто? Се е во вистинските состојки...но, ќе треба да дојдете и да видите што нашите експерти ќе ви презентираат, да ги дознаете тајните и триковите на големите мајстори, за да можете и вие да бидете најдобриот готвач на светот во вашиот сопствен Театар на Готвењето.

Коктел Бар

Забавувајте се со специјалните коктели кои ќе ви ги подготват македонските врвни коктел мајстори. Ќе бидете изненадени кога ќе го видите згодниот дечко кој ќе ве послужи.

Make-over Сцена

Стиловите на фризура и шминка постојано се менуваат...предизвик е да се биде постојано во тренд со најновите стилови на фризура и шминка. Затоа, нашите најдобри стилисти ќе ви покажат што е во тренд, ќе ви покажат неколку трикови како најдобро да го подобрите вашиот стил и ќе ви дадат инспирација како да го истакнете најдоброто во вас.

Професионална Училница

Не само што ќе се забавувате со тоа што ќе работите во тим со вашите најдобри пријателки, туку и ќе научите многу преку учество во професионалните презентации и работилници кои ви ги подготвија нашите експерти.

Медицинска Училница

Дали знаете што е Абулија и како да ја препознаете? Кои се симптомите на дијабетисот? Како да направите самопреглед на дојките? Кои се новите болести на денешницата? Како да ги спречиме и да бидеме поздрави?

Овие и уште многу други прашања ќе бидат одговорени од страна на нашите најдобри доктори и специјалисти во својата област, во Медицинската Училница на Саем на Жена 2011.

Дознајте повеќе, бидете поздрави. Најголемото богатство е здравјето.